Во последниот натпревар во саботата во седмото коло на англиската Премиер лига, актуелниот првак Ливепрул со пресврт на својот „Енфилд“ успеа да го совлада Вест Хем Јунајтед, па „Редсите“ привремено се осамија на врвот на табелата.
Вест Хем му гостуваа на Ливерпул откако во последните две кола успеаја да ремизираа против фаворитет Тотенхем и Манчестер Сити, а беа на добар пат тоа да го сторат и на „Енфилд“.
„Чеканите“ поведоа со голор на Пабло Форналс во 10 минута и водството го чуваа до финишт на првото полувреме, кога во 42 минута од пенал израмни Мохамед Салах. Во завршницата на мечот Ливерпул сепак дојде до трите бода, бпагодарејќи на резервистите Диого Јота и Џердан Шаќири, кои во играа влегоа во 70 минута. Шаќири во 85 минута одлучно го проигра Јота, кој им донесе победа на домашните.
Ливерпул сега има 16 бодови, три повеќе од градскиот ривал Евертон кој својат меч од колото го игра во недела, а трет е Вулверхемтон со 13 бодови но тој го одигра мечот од ова коло. Вест Хем привремено е на 13-то место со осум бодови.
Манчестер Сити на гости успеа да го совлада Шефилд Јунајтед со 1:0, со погодокот на бекот Кајл Вокер со прецизен удар по земја од околу 20-ина метри во 28 минута. Манчестер Сити моментално има 11 бодови и е 8-то место на табелата од шест одиграни кола, а Шефидл и натаму има проблем со ефикасноста и доега има постигнато само три погодока и освоен само еден бод со кој е при дното на табелата.
По двата ремија, Челзи конечно успеа да впише победа во Премиер лигата, и тоа на гости кај Барнли со 3:0. Лондонскиот тим поведе по убавата акција во 26 минута кога со погодок ја заврши новото засилување од Ајакс, Хаким Зиеш. По корнерот во 63 минута корпулентниот стопер Курт Зума со глава зголеми на 2:0, а за конечните 3:0 погоди Тимо Вернер.
Челзи со 12 бодови моментално е петти на табелата, а Барнли веќе три кола не успева да ја затресе противничката мрежа, и остана закован на дното на табелата со еден бод и само три постигнати погодока.
Во недела на распоредот се мечевите Астон Вила – Саутемптон во 13 часот, Њукасл – Евертон во 15, дербито Манчестер Јунајтед – Арсенал започнува во 17,30 часот, а во 20,15 часот дуелот ќе го започнат Тотенхем и Брајтон.
Во понеделник Фулам се среќава со ВБА во 18,30 часот, а Лидс Јунајтед и Лестер Сити ќе играат во вечерниот термин од 21 часот.