Премиер лига: Победи на Арсенал и Сити, нов шок на „Олд Трафорд“

Во последниот натпревар од 26. коло на англискиот шампионат во саботата, фудбалерите на Арсенал на свој терен убедливо го совладаа Њукасл Јунајтед со 4:1 (2:0).

Арсенал уште од самиот почеток доминираше на теренот, а подобрата игра беше наградена со два гола на средината на првото полувреме. „Топчиите“ дојдоа во водство по несмасната реакција на гостинската одбрана, која не успеа да ја расчисти ситуацијата пред сопствениот гол откако Каирус го одбрани ударот со глава на Габриел, а Ботман во 18. минута ја испрати топката преку гол-линијата во сопствената мрежа. На 2:0 зголеми Хаверц во 24. минута по убавото додавање и повратна топка од Мартинели.

Во средината на продолжението, Арсенал постигна уште два гола, најпрвин Сака во 65. минута по убава соло акција погоди за 3:0, а по четири миута прецизен бепе Кивиор по уште еден корнер. На конечните 4:1 намали Вилок во 84. минута.

Сега третопласираниот Арсенал сега има 58 бода, два помалку од лидерот Ливерпул и еден помалку од второпласираниот Манчестер Сити. Њукасл е осми со 37 бодови.

Претходно актуелниот шампион на Англија, фудбалерите на Манчестер Сити со минимална победа од 1:0 (1:0) на гости кај Бурнмаут се доближија на еден бод до лидерот Ливерпул. Важна улога во единствениот гол на натпреварот имаше и хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ кој во 24. минута со долга топка го пронајде Ерлинг Халанд во домашниот шеснаесетник, ударот на Норвежанецот го одбрани Нето, но најбрзо на одбиената топка реагираше Фоден и ја затресе мрежата. Со овој пораз Бурнмаут остана моментално 13-ти со 28 бодови.

Фудбалерите на Астон Вила се зацврстија на четвртото место во англиското првенство со домашната победа од 4:2 (3:1) против Нотингем Форест во натпреварот од 26.коло. Вила одлично го започна натпреварот и поведе со 3:0 со погодокот на Воткинс во 4. и двата гола на Даглас Луиз во 29. и 39. минута. Но Форест успеа преку Нијахате во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме и преку Гибс-Вајт во 48. минута да намали на 2:3, но Бејли со голот во 61. минута ја потврди победата на домашните.

Вила е четврти со 52 бода, пет повеќе од петтопласираниот Тотенхем и три помалку од третопласираниот Арсенал, додека Форест останува 16-ти со 24 бодови, четири повеќе од 18-топласираниот Лутон Таун, кој е во зоната за испаѓање.

Навивачите на Манчестер Јунајтед доживеаја нов удар откако нивниот тим го предводи Ерик тен Хаг, бидејќи нивните миленици во саботата загубија од Фулам со 1:2 (0:0) на својот „Олд Трафорд“. Баси во 65. минута го доведе Фулам во водство во средината на вториот дел, а по упорноста на „Црвените ѓаволи“ кои не реализираа повеќе изгледни шанси ја круниси Мегваер во 89. минита. И кога се чинеше дека Јунајтед сепак успеа да спаси бод и покрај тоа што во финишот одеше на сите три, Ивоби во седмата минута од судиското продолжение на мечот им ја донесе победата на лондонците.

Јунајтед остана шести со 44 бода, додека Фулам сега е 12-ти со 32 бода.

Евертон беше на дофат на важна победа во битката за опстанок, на гостувањето кај Брајтон и Хоув Албион, водеше со 1:0 и имаше играч повеќе до судиското надополнување, но мечот заврши со поделба на бодовите. Брентвејт во 73. минута го доведе Евертон во водство, а Данк во петтата минута од судиското надополнување погоди за конечните 1:1.

Евертон е 17-ти со 21 бод, еден повеќе од 18-ти Лутон, додека Брајтон е седми со 39 бодови.