Премиер лига: Тотенхем ја прекина слабата серија, Сити со пресврт до победата

Во последниот дуел од неделната програма на 16-то коло на англеиското фудбалско првенство, Тотенхем на својот стадион со 4:1 го совлада Њукасл Јунајтед.

Откако во последните пет кола освои само бод и паднаа од првото на петтото место, Тотенхам одигра убедливо против директниот конкурент за пласман во Лигата на шампионите следната сезоа, првиот гол го постигна Дестини Удоги во 26. минута, а пота двапати меѓу стрелците се впиша Ричарлисон, во 36. и 60,,м а на 4:0 зголеми Сон Хеунг-мин од пенал, а за Њукасл почесниот погодок го постигна Жоелинтон во последните моменти од натрпеварот.

Тотенхем се задржа на петтата позиција на тебелата со 30 бодови, место кое води во Лига Европа, а Њукасл Јунајтед со 26 бодови е седмопласиран, бод помалку од шестиот Манечстер Јунајтед.

Претходно во неделата актуелниот првак Манчестер Сити со многунапор и пресврт успеа да дојде до гостинската победа од 2:1 кај новајлијата во Премиер лигата, тимот на Лутон Таун.

Лутон дојде до предност во самата завршница на првиот дел, во втората минута од судиската надокнада, кога Илајџа Адебајо со глава ја спушти топката во мрежата на гостите. Но во вториот дел во период од само три минути Сити успеа да го направи резултатискиот пресврт. Прво Бернардо Силва со прецизен удар од работ на шеснаесетникот во 60. минута израмни на 1:1, а пота во 65. минута Џек Грилиш ја исористи асистенцијата на Алварез за 2:1.

Манчестер Сити сега со 33 бодови и натаму е четврти на табелата, со два бода помалку од третата Астон Вила, второпласираниот Арсенал остана по ова коло на 36 бодови, што го искористи Ливерпул со 37 бодови да се искачи на врвот. Лутон, пак, и натаму е 18-ти со 9 бодови, четири помалку од најблиската позиција која гарантира опстанок во Премиер лигата.

А на 17-то место сега е Евертон кој на својот „Гудисон Парк“ го совлда Челзи со 2:0, со головите на Андилеи Дукуре во 54 и Лусон Добин во втората минута од судиското продолжение на мечот. Челзи остана 19 бодови и на 12-та позиција.

Фулам неочекувано убедливо со 5:0 на домашен терен го совлада Вест Хем. Меѓу стрелците се запишаа дури пет различни играчи – Раул Хименез во 22, Вилиан во 31, Тосин Адерабиојо во 40, Хари Вилсон во 60 и Карлос Винисиус во 88 минута.

Вест Хем остана на 24 бодови и на 9-то место, а Фулам сега е веднаш зад него е со три бода помалку.