Премиер лига: Тотенхем го шокираше Сити на негов терен, Арсенал убедлив а на врвот се приближува Челзи

Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер Сити и по репрезентативната пауза ја продолжи серијата порази, во натпреварот од 12. коло на Премиер лигата, на својот стадион загуби од Тотенхем Хотспур со 0:4 (0:2), со што забележа трет последователен првенствен пораз и петти пораз во низа во сите натпреварувања.

Херој на победата на Тотенхем беше офанзивниот играч од средниот ред Џејмс Медисон, кој го прослави својот 28-ми роденден со два гола постигнати за само 400 секунди разлика. Првиотпат во 13. минута ја затресе мрежата на домашните, а вториот во 20. минута. Еден од виновниците за вториот гол е хрватскиот бек Јошко Гвардиол, кој со неправилно додавање ја загуби топката на околу 30 метри од сопствениот гол и овозможи брза и ефикасна акција на гостите.

Конечниот резултат го поставија Педро Поро во 53. минута и Бренан Џонсон во третата минута од судиското надополнување.

Сити и понатаму е втор на табелата со 23 бода, пет помалку од водечкиот Ливерпул, кој во недела гостува кај последнопласираниот Саутемптон и еден повеќе од Челзи, Арсенал и Брајтон. Тотенхем е шести со 19 бодови.

Вицешампион Арсенал, пак, на домашен терен го совлада Нотингем Форест со убедливи 3:0 (1:0). Првиот гол го постигна Сака во 15. а потоа Партеј прецизини беа во 52. и Нванери во 85. минута.

Четвртопласираниот Арсенал сега има 22 бода, како и третопласираниот Челзи, кој претходно во саботата го победи Лестер Сити со 2:1 како гостин и петтопласираниот Брајтон и Хов Албион, кој исто така како гостин го победи Борнмаут со 2:1.

Во Бурнмаут, Брајтон поведе со 2:0 со головите на Жоао Педро во 4. и Митома во 49. минута, а Брукс во четвртата минута од судиското продолжени го ублажи поразот на домаќините.

Во првиот натпревар од 12. коло на англискиот фудбалски шампионат, Челзи како гостин го совлада Лестер Сити со 2:1 (1:0). Челзи поведе со 2:0 со головите на Џексон во 15. и Фернандез во 75. а Ају во четвртата минута од судиското продолжемние од пенал го ублажи поразот на домашните.

Третопласираниот Челзи сега има 22 бода, само еден помалку од второпласираниот Манчестер Сити и шест помалку од лидерот Ливерпул, додека Лестер е 16-ти со 10 бодови.

Сабота:
Лестер Сити – Челзи 1:2
Арсенал – Нотингем Форест 3:0
Астон Вила – Кристал Палас 2:2
Бурнмаут – Брајтон и Хоув Албион 1:2
Евертон – Брентфорд 0:0
Фулам – Вулверхемптон Вондерерс 1:4

Недела:
Саутемптон – Ливерпул
Ипсвич Таун – Манчестер Јунајтед

Понеделник:
Њукасл Јунајтед – Вест Хем Јунајтед