Премиер лига: Тотенхем поведе со 2:0, Брајтон победи со 3:2

Во последниот натпревар од седмото коло во англиската Премиер лига, фудбалерите на Брајтон на домашен терен го победија Тотенхем со 3:2, иако гостите имаа сугурно водство од 2:0.

Во првиот дел од натпреварот Тотенхем беше подобар и заслужено поведе со два гола предност со погодоците на Џонсон во 23. минута и Медисон во 37. минута. Во продолжението се случи целосен пресврт, а Брајтон постигна три гола за победа и прескокнување на Тотенхем на табелата.

Головите за домашните ги постигнаа Минтех во 48. минута, Ратер во 58. минута и Велбек во 66. минута. Брајтон сега е шести на табелата, додека Тотенхем е деветти.

И по седмото коло фудбалерите на Манчестер Јунајтед имаат само две победи, оваа недела одиграа 0:0 кај Астон Вила. По седум одиграни натпревари, Манчестер Јунајтед има само осум бодови и останува на 14. место на табелата. На последните пет натпревари, во сите натпреварувања, Манчестер Јунајтед има четири нерешени и еден пораз.

Ниту Челзи не стигна до победа во седмото коло, одигра пред своите навивачи 1:1 против Нотингем Форест. Двата гола беа постигнати во вториот дел. Гостите поведоа со голот на Вуд во 49. минута, додека Челзи израмни во 57. кога погоди Мадуке.

Од 78. минута Челзи имаше играч повеќе откако беше исклучен Вард-Проуз, но не ја искористи бројната предност за да постигне уште еден гол и да освои три бода. Во судиското надополнување гостите имаа две одлични шанси, но не постигнаа гол, па не успеаја да го повторат неодамнешното славје на гостувањето кај Ливерпул.