![njukasl junajted](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/njukasl-junajted.jpg?resize=621%2C371&ssl=1)
Во средбата од 29-то коло на англиското фудбалско првенство, Њукасл Јунајтед пред 52.000 гледачи на својот стадион „Сент Џејмс Парк“ со 2:0 го совлада Манчестер Јунајтед.
Популарните „Свраки“ сосема заслужено ги победија „Црвените ѓаволи“, затоа што го надиграа славниот противник во сите елементи на фудбалската игра. Манчестер Јунајтед ја загуби борбата во средниот ред и во текот на целиот меч многу малку покажа во играта кон противничкиот гол.
Домашните поведоа во 65 минута со голот на Џо Волкок а победата ја потврди Калам Вилсон во 88 минута.
Со победата Њукасл Јунајтед поради подобрата гол разлика се проби на третото место пред Манчестер Јунајтед, и двата тима имаат по 50 бодови, бод повеќе од петтиот Тотенхем кој има и натпревар повеќе.
На врвот на табелата со голема предност со 72 бодови е Арсенал, пред бранителот на титулата Манчестер Сити кој има осум бодови помалку со меч помалку.
Во неделата во Премиер лигата беше одиграно и „дербито на дното“, во коешто Вест Хем со голот на Накеф Агуерд во 25 минута впиша важна домашна победа над Саутемптон.
Со оваа победа Вест Хем излезе од зоната на испаѓање и од претпоследното 19-то место скокна на 14-то со 27 бодови, а на самото дно остана Саутемптон со 23 бодови, само три помалку од зоната на опстаник.