Премиер лига: Вест Хем ја прекина црната серијата

Во натпреварот од 26. коло на англискиот фудбалски шампионат, Вест Хем Јунајтед го победи Брентфорд со 4:2, со што ја прекина серијата од шест кола без победа.

Јунак на натпреварот беше тројниот стрелец Џерод Бовен, кој постигна два гола во првите седум минути. Во петтата минута ги доведе „Чеканите“ во водство, а две минути подоцна го постигна вториот гол.

Нил Маупеј го намали резултатот во 13. минута, но Бовен го постигна својот трет гол на натпреварот во 63. минута. Победата на лондонскиот тим ја потврди Емерсон во 69. минута. До крајот на мечот гостите успеаја само да го ублажат поразот со голот на Јоане Виса во 82. минута.

Вест Хем сега е осми со 39 бодови, додека Брентфорд е на 16-та позиција со 25 бодови, пет повеќе од зоната на испаѓање. На врвот е Ливерпул со 60 бодови пред Манчестер Сити со 59 и Арсенал со 58 бодови.