![3000](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/12/3000.jpg?resize=620%2C372&ssl=1)
Сите три водечки екипи на англиската Премиер лига – Манчестер Сити, Ливерпул и Челзи дојдоа до победите во 16-то коло со погодоци постигнати со ударите од белата точка, па разликата на првенствената табела остана иста.
Нa најдраматичен начин до победата стасаа актуелните европски прваци на својот „Стенфорд Бриџ“, каде со 3;2 ги совладаа Лидс Јунајтед.
Гостите стасаа до водство во 28 минута од најстрога газна којашто ја реализираше Рафиња. Челзи израмни во 42 минута со погодокот на Мејсон Маунт. Во 58 минута Жоргињо беше прецизен за од белата точка и му донесе водство на Челзи. Лондонските „Сини“ го одржуваат до водствто до 83 минута кога 19-годишниот Џо Гелхард го постигна својот првиот погодок во Премиер лигата и тоа само што влезе во игра, израмнувајќи на 2:2. Во четвртата минута од судиското продолжение на натпреварот победата на Челзи им ја донесе Жоргуњо со уште една реаализација на најстрогата казна.
Ливерпул на својот „Енфилд“ само еднаш ја затресе мрежата на Астон Вила, но и тоа беше доволно да му го расипе враќањето на Стивен Џерард на местото на кое стана фудбалска играчка легенда. Мохамед Салах во 67 минута го реализираше пеналот овозможувајќи им ја победата на „Редси“.
Неколку часа претходно Манчестер Сити на идентичен начин дојде до победата над Вулверхемтон. Тимот на Пеп Гвардиола беше целосно надмоќна, а од крајот на првото полувреме играа со играч повеќе откако два жолти картона во една минита заработи Раул Хименез. Актуелните прваци на Англија бројната предност ја искористија во 66 минута кога Рахим Стерлинг реализираше пенал.
Манчестер Сити остана водечки на табелата со 38 бодови, Ливерпул е втор со бод помалку од кој, пак, бод помалку има третопласираниот Челзи.
Вулверхемптон е осми со 21 бодови, Астон Вила е 12-та со 19 бодови, а Лидс Јунајтед е 15-ти со 16 бодови.
Арсенал ја прекина низата од два порази со убедливата победа од 3:0 на својот „Емирејтс“ над Саутемптон. „Топџиите“ поведоа во 21 минута со голот на Александр Лаказет, шест минути подоцна водството го удвои Мартин Одегард а конечниот резултат го постави Габриел во 62 минута.
Арсенал моментално со 26 бодови се искачи на шестото место, а Саутемптон остана на 16-та позиција со 16 бодови.
Во последниот нетпревар од саботната програма, Манчестер Јунајтед, исто така, од белата точка ги освои трите бода на гостувањето кај Норич Сити. Во 74 минута во домашниот шеснаесетник беше направен прекршок над Кристијано Роналдо, Португалецот самиот ја зема топката и сигурно реализираше.
Манчестер Јунајтед со 27 бодови сега е на петтата позиција, израмнувајќи се со Вест Хем но кој има натпревар помалку. Норич Сити остана последен 20-ти со 10 бодови, три помалку од зоната на спас.