Во последниот саботен натпревар од 20. коло на англиската Премиер лига одигран во Брајтон, истоимената домашна екипа и лондонски Арсенал одиграа 1:1. Гостите поведоа во 16. минута со голот на Итан Нванери, а израмни Жоао Педро во 61. минута од пенал.
Така заврши серијата од три победи на Арсенал. „Топчиите“ се на второто место со 40 бодови, пет помалку од водечкиот Ливерпул, кој има два меча помалку. Брајтон е на десеттата позиција со 28 бодови.
Втората победа во низа ја оствари Манчестер Сити кој на својот „Етихад“ го совлада Вест Хем со 4:1. Савињо асистираше при првите три гола. Ерлинг Халанд погоди двапати (42, 55), а еднаш топката ја сврти во сопствената мрежа дефанзивецот на гостите Владимир Куфал (10). Фил Фоден во 58. минута постигна гол за 4:0, а конечните 4:1 ги постави Никлас Фулкруг во 71. минута.
Актуелниот шампион влезе во кругот екипи со по 10 победи, а 34-те бода му го донесоа шестото место. Бод повеќе има петтопласираниот Њукасл кој во саботата како гостин го победи Тотенхем со 2:1, а на четвртото место со 36 бодови е Челзи кој освои бод играјќи 1:1 на гостувањето кај Кристал Палас.
Челзи поведе во 14. минута со голот на Кол Палмер, а конечните 1-1 ги постави Жан-Филип Матета во 82. минута.
Лидерот Ливерпул има 45 бода од 18 натпревари, а го следат Арсенал со 39 и Нотингем Форест со 37 бодови, со натпревар помалку.
Тежок удар доживеа Саутемптон, а подобри од „светците“ беа фудбалерите на Брентфорд кои гостуваа на „Ст. Мери“ со убедливи 5:0 (1:0). Брентфорд поведе со голот на Германецот Кевин Шаде во 6. минута. Потоа два гола постигна Камерунецот Брајан Мбуемо (62, 69-11м), а во судиското надополнување одбраната на Саутемптон капитулираше уште двапати, а стрелци беа Кин Луис-Потер (90+2) и Конго Јоане Виса (90+4).
Фудбалерите на Саутемптон успеаја да упатат само еден удар во голманскиот простор, но постигнаа само еден гол, со осум примени, во последните три натпревара.
Саутемптон е убедливо последен со само шест бода и гол разлика -32, со најмалку постигнати голови (12) и најмногу примени голови (44). Брентфорд се најде на 10. место со 27 бодови.