Во последниот натпревар од 22. коло на англискиот фудбалски шампионат, Челзи го совлада Вулверхемптон со 3:1, забележувајќи ја првата победа во последните шест кола.
Последната првенствена победа „Сините“ ја забележаа во средината на декември против Брентфорд (2:1), а потоа лондонскиот тим претрпе два пораза (Фулам, Ипсвич Таун) и три нерешени (Евертон, Кристал Палас, Бурнемаут).
Серијата заврши против Вулверхемптон, што беше негов трет последователен пораз.
Домашните поведоа во 24. минута со голот на Тосин Адарабиоја, но Мет Доерти израмни во последните моменти од првото полувреме. Лондонскиот тим, сепак, во вториот дел го скрши натпреварот со два брзи погока, а стрелци беа Марк Кукурела во 60. и Нони Мадуеке во 65. минута.
Тимот на Енцо Мареска се искачи на четвртото место со 40 бодови, додека Вулверхемптон е на 17-то место со 16 бодови, исто колку и Ипсвич Таун на 18-то место, што води во понизок ранг од натпреварувањето.
На врвот се Ливерпул со 50, Арсенал и Нотингем Форест со по 44 бодови.