Премиер лигата постигна договор за продажба на тв правата за 5,5 милијарди евра

Англиската фудбалска Премиер лига објави дека постигнала договор за продажба на телевизиските права за пренос на нејзините натпревари на Sky Sports, BT Sport, Amazon Prime Vide и BBC Sport вреден 5,5 милијарди евра за периодот од 2022 до 2025 година, односно за сезоните 2022/23, 2023/24 и 2024/25.

Сумата е приближно иста како и претходниот тригодишен договор, односно околу 1,83 милијарди евра по сезона, а постогнат е со директна спогодба наместо со јавно наддавање. За договорот со директна спогодба со досегашните партнери Премиерлигата поради пандемијата на коронавирусот добила дозвола од британската влада.

Со тоа Премиер лигата и натаму е на врвот на листата кога станува збор за сумите од продажаба на тв-правата. На второто место е франциската Прва лига со приход од 1,172 милијарди евра по сезона за периодпот 2020 – 2024, па германската Бундеслига со 1,16 милијарди евра за 2017 – 2021, додека шпанската Примера е четврта со 1,14 милијарди евра за периодот 2019 – 2022. На петтото место е италијанската Серија А со 973 милиони евра по сезона за периодот од 2018 до 2021 година.