Романскиот премиер поднесе оставка, поради пожарот во ноќниот клуб

Демонстрантите побараа оставка од Понта, поради корумпираноста на власта и недоволните безбедносни мерки. Понта веќе се соочува со судење за обвинение за корупција.

Тој е првиот романски премиер кој и формално е обвинет за корупција поради основани сомненија за измама, даночни затајувања и перење пари во текот на изминатите години.

Го предавам мандатот, давам оставка и имплицитно тоа го прави и мојата влада. Се надевам дека оставката на владата ќе ги задоволи луѓето што излегоа на улиците, изјави тој за романската телевизија.