Премиера на детската претстава Петар Пан во МОБ

Во Македонската опера и балет, в сабота, со почеток од 19 часот, ќе се одржи премиера на претставата за деца „Петар Пан“.

Оваа детска претстава на сцената на МОБ за прв пат беше изведено на 18-ти декември 1970-та година.

Петар Пан е лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ.М. Бери. Палаво момче кое може да лета и магично одбива да расте. Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров  „Недојдија“ како лидер на неговата банда „Изгубени момчиња“,  заедно со сирени, Индијанци, самовили и пирати, одвреме-навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет.

Во новата премиера насловниот лик ќе го толкува Бобан Ковачевски, додека во останатите улоги ќе настапат: Сенка: Игор Веланоски, Венди: Дафина Даниловска, Капетан Кука: Трајче Стојковски, Ѕвончица: Билјана Басмаџиева, Мајка: Билјана Пашариковска, Татко: Драган Кочоски, Џон: Мирослав Митрашиновиќ, Мајкл: Лиле Миленковска, Тајгер Лили: Саша Евтимова, Индијански поглавица: Агим Бафтии, Нана: Стефан Кочевски, Сми: Лора Тарчуговска.

Репризата е закажана за в петок, 21-ви март, и за в сабота, 22-ри март, од 12 часот.