Премиера на комичната камерна опера „Слугинка Господарка“

 

В петок, со почеток во 20 часот, на Малата сцена во Македонската опера и балет ќе се изведе премиерата на комичната камерна опера “Слугинка Господарка“.

Операта „Слугинка господарка“ од Џовани Батиста Перголези е копродукциски проект чија цел е да ја приближи камерната комична опера на љубителите на овој жанр. Проектот е во режија на Трајко Јордановски.

Ќе настапи млада солистичка екипа: Анѓелка Гајтановска, Марија Наумовска, Симона Чакарјанева, Невен Силјановски, Кристијан Антовски, Андреј Наунов и Никола Стојчевски. Ке ги придружува камерен оркестар, диригент, Иван Еминович.