Премиерлига: Ливерпул со пресврт до победата, Јунајтед ремизираше кај Ипсвич

Фудбалерите на Ипсвич Таун и Манчестер Јунајтед одиграа 1-1 во натпреварот од 12. коло на англискиот фудбалски шампионат, во првиот натпревар на Рубен Аморим на клупата на „Црвените ѓаволи“.

Гостете од Манчестер поведоа веќе во 2. минута од натпреварот со голот на Маркус Рашфорд. Само пет минути подоцна можеше да биде 2:0, но Кристијан Ериксен шутираше крај голот. Домашниот тим можеше да израмни во 11. минута, но Андре Онана одлично реагираше на ударот на Сами Шмодич. Ипсвич сепак успеа да израмни во 43. минута со голот на Омар Хачинсон. Во останатиот дел од натпреварот имаше шанси на двете страни, но немаше голови.

По прилично лошиот старт на сезоната, Ипсвич во последните две кола го победи Тотенхем и ремизираше со Јунајтед кој е само на 12. место.

Во првиот натпревар во неделата, Ливерпул на гости го победи Саутемптон со 3:2, оддалечувајќи се од в торопласираниот Манчестер Сити со осум бодови разлика.

Ливерпул го искористи поразот на „Граѓаните“ на домашен терен од Тотенхем со 0:4 и со трите освоени бода против Саутемптон сега му избега на актуелниот шампион со осум бода.

„Црвените“ напорно работеа на победа против „фенерџиите“. Ливерпул поведе во 30. минута со голот на Доминик Шобошлаи, но домашните израмнија во 42. минута преку Адам Армстронг. Напаѓачот на Саутемптон имаше шанса да постигне гол од пенал, Каоимкин Келехер го одбрани неговиот удар но топката се одби до Армстронг, кој не промаши при вториот обид.

Во 56. минута Матеус Фернандеш го сврте резултатот, но на крајот од мечот Ливерпул ја одзеде победата со головите на Мохамед Салах во 65. и од пенал во 83. минута.

Ливерпул сега води со 31 бод, осум повеќе од Манчестер Сити, додека Челзи, Арсенал и Брајтон имаат по 22 бода. Саутемптон е последен со само четири бода.

Ливерпул сега води со 31 бод, осум повеќе од Манчестер Сити, додека Челзи, Арсенал и Брајтон имаат по 22 бода. Саутемптон е последен со само четири бода.