
Интересот кон Фегули е уште поголем бидејќи неговиот договор истекува на крајот на сезоната, па тој уште во јануари ќе може да преговара и да потпише преддоговор како слободен агент.
Овај Алжирец се наоѓа на мета на многу европски гиганти, а најсилен интерес покажуваат Манчестер Јунајтед, Интер и Челзи.
Медиумите тврдат дека клубовите од Премиер лигата се во предност бидејќи можат да му понудат поголема плата, а тоа ќе биде главниот мотив на Фегули за изборот на следниот клуб.