Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:
Премиерот домазет Ковачевски, го злоупотребува европското знаменце и иднината на Македонија за Груби и грабежот на векот преку експропријациите на недвижнини на трасата на коридорите.
Домазетот Ковачевски го злоупотребува европското знаменце и е спремен да ја блокира и Македонија, како и да ги игнорира сите критики на ЕУ, само да може Груби да го реализира криминалот кој го смислиле.
Домазетот Ковачевски на газдата Груби со законските измени му овозможува да врши експропријација по брза постапка, плаќајќи за недвижнини кои се наоѓаат на трасата без разлика дали се легализирани или не. Имено Ковачевски и Груби ќе можат произволно да наведат колку куќи срушиле, и никој нема да има увид во реалната ситуација на терен.
Власта преку пратениците кои ги поднеле законските измени, а кои не го ни добиле договорот да го прочитаат, сакаат да испумпаат милиони од буџетот. Имено наведено е дека законот нема економски импликации, а всушност, со примена на истиот ќе се исцедат стотици милиони од буџетот.
За овие законски измени, кои индицираат на еклатантен криминал, Ковачевски и Груби ја срамат Македонија пред ЕУ. Овие законски измени не се никаква европска вредност, туку пример како не се работи во ЕУ.