Премиерот Груевески ќе го посети СОС Детското село

По повод новогодишните и божиќните празници, премиерот Никола Груевски денеска ќе го посети СОС Детско село.

СОС Детско Село става акцент и фокус на семејно-заснованата, долгорочна грижа  на децата кои ја загубиле можноста да растат со своите биолошки семејства. Во СОС Детско Село и СОС Младинските заедници тие повторно наоѓаат сигурност и љубов и топол дом и растејќи во стабилна семејна средина  добиваат континуирана  индивидуална поддршка се додека не станат независни млади личности.

СОС Детските села даваат подршка на  сите деца во ризик , особено на оние кои немаат родители и родителска грижа и оние чии семејства живеат во тешки услови.