Премиерот Ковачевски го пречека добитникот на Нобеловата награда за економија Пол Кругман

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски, во неделата во Охрид се сретна добитникот на Нобеловата награда за економија, професор на Универзитетот Њујорк, Пол Кругман, кој е во неколкудневна посета на земјата а во понеделник е говорник и ќе учествува на вториот Скопски економски и финансиски форум.

За време на посетата на Охрид, премиерот Ковачевски придружуван од министерот за финансии Фатмир Бесими, имаа заедничка обиколка на дел од најзначајните културно-историски локации во Охрид.

Посетата на најзначајните споменични знаменитости во древниот Охрид започна кај Горна порта и Самоиловата тврдина, по што премиерот Ковачевски, министерот Бесими и нобеловецот Кругман ја посетија ранохристијанската базилика во близина на античкиот театар, по што следеше запознавањето со најважните карактеристики на црквата Св. Софија и запознавањето со старата градска архитектура во куќата на Робевци. Обиколката во Охрид заврши со посетата на болничките цркви Св. Богодорица и Св. Никоја кај Долна Порта.

Премиерот Ковачевски, министерот за финансии Бесими и професорот Кругман, потоа се задржаа на работен ручек на кој разговараа за темите на Скопскиот економски и финансиски форум, кој оваа година е посветен на темата „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“.