-Политичка поддршка, господинот Курти може да биде кому сака, бидејќи тоа со години наназад го прават Партијата на европски социјалисти на оние партии кои тие ги поддржуваат, тука и Европската народна партија за десните партии во Македонија, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски при посетата на Државниот универзитет во Тетово.
Како што и досега странци истакнувале поддршка за политичари во Северна Македонија, тоа не е проблем да го прави и косовскиот премиер Албин Курти, додаде Пендаровски, велејќи дека партии од Европа и досега давале поддршка на идеолошки блиските партии во Македонија.
-Неговата поддршка на луѓе кои се македонски државјани, не е спорна. Овде не станува збор за странци кои ќе учествуваат на наши избори, бидејќи тоа е недозволено. Сите тие луѓе кои се споменуваат во медиумите како негови луѓе се државјани на Република Северна Македонија и имаат право да учествуваат на избори. А политичка поддршка, господинот Курти може да биде кому сака, бидејќи тоа со години наназад го прават Партијата на европски социјалисти на оние партии кои тие ги поддржуваат тука и Европската народна партија за десните партии во Македонија, изјави Пендаровски.
Прашан за коментар на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Курти сака да ја победи ДУИ во Македонија, тој нагласи дека не би сакал да коментира странски државници кои имаат веројатно некоја својата домашна агенда.