Премиерот Мицкоски денеска во посета на Гевгелија

Денеска со почеток во 11:00 часот Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе ја посети општина Гевгелија каде ќе присуствува на пуштање во употреба на новиот булевар до Граничниот премин Богородица.

Булеварското решение со кое Гевгелија се поврзува со автопатот чини 19 милиони денари и се реализираше во две фази.

Вториот проект на кој ќе присуствува претседателот на Владата, Мицкоски е означување на почеток на реконструкција на спортската сала ДТВ „Партизан” во општина Гевгелија, проект вреден над 16 милиони денари.