Премиерот Мицкоски утре ќе изврши увид на градежни активности на патот Катланово-Градманци

Утре 24.01.2025 година (петок) со почеток во 12:15 часот, претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на патот Катланово-Градманци во Општина Петровец.

Овој проект е во должина од 2.400 метри, средства за изградба на овој пат се обезбедени од Владата преку унгарскиот кредит во висина од 12.200.000 денари.

Исто така започната е и доизградбата на детската градинка втора и завршна фаза со капацитет за згрижување на 70 дечиња.

Средствата за овој проект се обезбедени од Владата на Република Македонија од унгарскиот кредит во вредност од 9.470.000 денари.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.