Премиерот Мицкоски во посета на Агенција за катастар на недвижности

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Агенцијата за катастар на недвижности во Општина Гази Баба.

Како што информираат од владината прес-служба, во Агенцијата ќе бидат промовирани новите поевтини услуги на катастарот за граѓаните.

По посетата и промоцијата премиерот Мицкоски ќе даде изјава за медиумите.