Премиерот на Канада Џастин Трудо го распушти Парламентот и распиша општи избори за 21 октомври.
Трудо имаше средба со генералната гувернерка Џулија Пајет, вршител на должноста шеф на државата, која и формално даде одобрување за почеток на шестонеделна изборна кампања.
– Канаѓаните ќе излезат на избори на 21 октомври. Направивме многу во изминатите четири години, но вистината е дека допрва почнуваме, изјави Трудо. Тој оцени дека Канаѓаните треба да одлучар дали сакаат да се вратат на неуспешната политика на конзервативната влада, која верува во кратења и штедење.
Според анкетите на јавното мислење, опозициската Конзервативна партија според популарност се доближува до либералите на Трудо.