Рускиот премиер Михаил Мишустин објави во четвртокот вечерта преку водеоконференција на државната телевизија дека е позитивен на новиот коронавирус и дека е во изолазија.
„Штотуку дознав дека резултатот на тестот кој го направите на коронавирусот е позитивен“, рече премиерот Михаил Мишустин во текот видеоконференција со рускиот претседател Владимир Путин пренесувана на телевизијата,
Мишустин додаде дека е во изолација и дека должноста претседател на руската влада привремено ќе ја извршува неговиот заменик Андреј Белоусов, за чие именување Кремљ објави дека претседателот Путин веќе го потпишал указот.
Истовремено Мишустин рече дека владата ќе продолжи да работи вообичаено, а тоа ќе остане во врска со колегите во министерскиот кабинет и со шефот на држава преку телефонска и видео-комуникација.
Во обраќањето до граѓаните апелираше и ги замоли во пресрет на мајските празници „максимално сериозно“ да ја сфатат инфекцијата и да останат во своите домови. Миштустин притоа изрази уверување дека коронавирусот ќе може да се победи.
Путин му посака скоро оздравување во разговорот кој беше пренесува на телевизијата Россия-24.
Русија ја надмина бројката од 100.000 заразени со коронавирус откако во последните 24 часа биле потврдени 7.099 нови случаи, најмногу во еден ден досега. Од Ковид-19 досега починале 1.073 луѓе.