Зголемување на пензиите, на социјалната помош и на платите во јавниот сектор секоја година за 5 отсто или за четири години вкупно зголемување за 21,5 проценти, најави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг на Коалицијата „За подобра Македонија“ во Скопје.
Со програмата „Проверено“ на ВМРО-ДПМНЕ во која се содржани 2.046 нови проекти се предвидува и намалување на стапката на ДДВ од 18 на 5 отсто на сточната храна и адитивите за сточна храна, на живиот добиток, на бебешките производи, на училишниот прибор…
„Намалување на ДДВ од 18 на пет отсто на сточна храна и адитиви на сточна храна, намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за жив добиток, за бебешки производи, училиштен прибор, намалени каматни стапки за проектот „Купи куќа, купи стан“. Првите три години наместо 4,9 отсто ќе изнесува 3,95 отсто, а во 4 и 5 година наместо 5,5, ќе биде 4,44 отсто,“ наброи Груевски.
Тој најави и за секоја година зголемување на пензиите на пензионерите за 5 отсто, за 4 години тоа значи за 21,5 отсто.
ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди вкупно 600 милиони евра за развој на земјоделството и руралните средини, по 150 милиони секоја година.
-Ова е историски највисок постигнат износ за поддршка на земјоделците, заклучи премиерот.