Премиерот објави нови мерки од корист на земјоделците

ВМРО-ДПМНЕ е партија која во сите овие години, нејзиното комплетно раководство е постојано на терен меѓу народот, со цел да биде во тек со нивните проблеми, нивното мислење, нивните барања. Во овој период, одкако СДСМ потпомогната од стрнска разузнавачка служба, започна операција за наше оцрнување, преку монтирани, сечени, вадени од еден и ставани во друг контекст, и креирани телефонски разговори,  таа комуникација е и засилена и почеста. Од тие конткти, од тие разговори директно на терен, по населените места, селата, домовите низ цела Македонија, произлегоа и нови идеи како да им се помогне на земјоделците, рече Груевски.

Па така,на барање на земјоделците од директните разговори на терен Владата ќе преземе нови мерки кои ќе бидат од корист на земјоделците.

-Ќе го зголемиме рокот на важност на регистрацијата на тракторите. Ќе овозможиме наместо секоја година тракторите да се регистрираат на секои 6 години, а нивната техничка исправност ќе се потврдува на секои две години. Ќе овозможиме легализација на мотокултиватори, едноносни приколки и полуприколки и други мобилни машини, кои им се неопходни на земјоделците за извршување на нивните секојдневни работи. Предлогот за легализација ќе може да го поднесат во рок од една година по донесувањето на законот со кој тоа ќе биде овозможено. По барање на граѓаните сопственици на приватни шуми, Катастарот во соработка со Комората на приватни геодетски фирми ја започна постапката за намалување на цената за изготвување на геодетски елаборати за обележување на шуми што е услов за добивање на одобрение за сеча на дрва за греење. Сегашната цена која е 30 денари за 1 метар должен ќе биде намалена за 50% за површини до 1 хектар додека за површините над 1  хектар и поголеми ќе се намали и до 70%, рече Груевски.