![Mickoski pres](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/Mickoski-pres.png?resize=696%2C406&ssl=1)
Парламентарците треба да одлучат според своја волја, во интерес на државата и граѓаните, истакна на денешната прес конференција премерот Христијан Мицкоски.
„Очекувам челеновите на парламентот да гласаат онака како што мислат дека треба да гласаат во однос на интерпелацијата на челеновите на Судскиот совет коишто се нивна ингеренција, односно нивнот избор е под ингеренции на самиот парламент.
Постои основа за критичка дискусија и дебата, за доброто на државата и граѓаните пратениците треба да одлучат по сопствена волја.
Мислам дека има многу основа за една критичка дискусија и дебата, а секој од парламентарците треба да си одлучува според своја волја и онака како мисли треба да одлучи а кое ќе биди добро за иднината на државата и на граѓаните, тоа е суштината“, одговори Мицкоски.