![monstrum](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/08/monstrum-1.jpg?resize=640%2C384&ssl=1)
Премиерот Зоран Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро, најави обвинителката Фатиме Фетаи на денешното судско рочиште.
Откако судијата Огнен Ставрев најави дека од наредното рочиште закажано за 5 септември ќе почне со презентирање на „бомбите“, еден од родителите на убиените момчиња побара појаснување дали сега ќе ги слушнат разговорите на „заштитените мечки“, односно оние разговори кои биле прогласени за државна тајна од редовното обвинителство. Тогаш тој се повика и на ветувањето на премиерот Заев, дека родителите ќе дознаат чии се заштитените броеви.
Oбвинителката Фетаи истакна дека во судница ќе биде повикан премиерот Заев.
Горан Наќевски, таткото на убиениот Александар, неколку пат изјавуваше дека низ доказите има пет телефонски броеви, чии сопственици не се откриваат. Според него, тие броеви се на функционери од ДУИ, а еден од обвинетите имал чести конекции со високи угледни личности и од албанските, но и со македонски политичари.
На наредното рочиште закажано за 5 септември во судница ќе почне емитувањето на „бомбите“ за овој случај, односно 38.000 смс и телефонски разговори.