На вечерашното интервју со новинарите, премиерот Зоран Заев, иако прво истакна дека нема да има нови давачки за да се покријат долговите, веднаш потоа кажа дека ќе има интервенција во данокот на имот, каде што граѓани кои имаат недвижности кои не ги користат или не ги ставаат во некаква функција за тоа би платиле повисок данок.
-Заедно по Ковидот ќе почнеме дебата што правиме со правичното оданочување на транспарентен начин, ама ако имаш втор стан што не го користиш, трета куќа, деловен објект купен од приватизација, од било што, а стои така, дупло или тродупло ќе се плаќа данок на имот. Зошто, за да го стави во функција, да го продаде, изнајми, да го ставиме во функција секој капацитет – вели Заев.
Заев исто така рече дека тој вид на оданочување е приход на општините и со таквата одлука ќе се помогнеле општините, но ќе се испрати пораката дека ако некој граѓанин има втор стан треба да живее во него, да го продаде или да го стави во некаква функција, затоа што во државата имало многу стари капацитети кои требало да се искористат и затоа ќе има ниво на оданочување на вториот, третиот стан или куќа или објект на производство.