Пренџов: Џафери не треба да ги занемарува 80% од граѓаните кои се против капитулација и прифаќање на уставни измени под бугарски диктат

Џафери треба да знае дека не смее, не може и не треба да ја крши волјата на граѓаните претставени како пратениците. Не смее, не може и не треба да ги занемарува 80 проценти од јавноста кои се против капитулација и прифаќање на уставни измени под бугарски диктат“, изјави пратеникот од коалицијата за „Обнова на Македонија“, Љупчо Пренџов во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа.

Loading…

Тој додаде дека волјата на граѓаните и оние кои ги пратиле во Собранието да ги претстават мора да биде целосно испочитувана.

„Нервозата им е заслужена, стравот исто така затоа што кога се работи за вакви суштински прашања и прашања за кои не зависат само за ние што денес живееме во Република Македонија туку прашања и за нашите следни поколенија“, кажа Пренџов.

Посочи дека за нив ова е битка за Македонија. Уставните измени се завршена приказна не можат да се случат и никогаш не можат да се стават на гласање.

„Кога се работи за спор како што е ова со Бугарија стар повеќе од 150 години тогаш мора да има државна политика која ќе е инклузија на сите политички чинители. Не може Бујар Османи сам како лекар да одлучува за таков спор, такви дипломатски договори и да води билатерални преговори“, истакна Пренџов.

Тој рече дека власта сметала дека ова се некој други времиња, ќе си потпишат тоа што мислат и ќе дојдат во Собрание и тоа се ќе им помине, но ги предупредувавме многу јасно две години.

„Единствената европска опција во Собранието на Република Македонија е опозицијата, а власта е европска опција по потреба и заради потреба. Ние веруваме во европска перспектива и вредности а тие веруваат во тендерите, фотелјите и што е можно повеќе да останат на власт“, дециден е Пренџов.