Пренџов: Caмo 6 отсто од Бyџeтoт зa кaпитaлни инвecтиции oдат диpeктнo за справување со кризата

На денешната собраниска седница пратеникот на партијата ГРОМ, Љупчо Пренџов, говореше за капиталните инвестиции истакнувајчи дека само 6 отсто од она што македонскиот народ го стопанисува за Буџетот на капитални ивестиции оди во борбата против оваа криза.

Според него тоа е срамота и голем пораз за сите.

,,Јавноста знае дека во 2008 година во ек на голема криза, во Република Македонија имало во апсолутна вредност исти капитални инвестиции како оваа година со тоа што сега имаме двојно поголем буџет. Јавноста треба да знае дека за четири квартали во просек имаме по 45 милиони евра капитални инвестиции, односно имаме 180 милиони евра капитална ивестиција за цела година што е нешто под 6 проценти од ГДП на овој народ. Значи само 6 проценти, не цели, од она кое што го привредуваме сите заедно во ова општество оди на капитални инвестиции, односно оди директно во борба против оваа криза и против оваа немаштија која што во државава е се поприсутна и тоа мислам дека е срамота и е голем пораз за сите нас.” – изјави Љупчо Пренџов.

Пренџов, исто така, говореше за капиталните инвестиции што беа ветени од страна на Власта. Но, како што напомена пратеникот Пренџов „нема ниту проекти, ниту странски инвестиции, ниту економски бум, нема ништо.. Со ДДВ-моја апликација не може да се оди напред“.

„Во 2017, во 2018 година, во 2019 година извадете стенограми на секој владин функционер во ова Собрание, одговорот му беше, ,,да, знаеме дека нема капитални инвестиции, затоа што ВМРО нема оставено проекти, еве ги работиме проектите, во 2019 ќе бидат сите готови проекти, ќе има економски БУМ, ќе има волку странски инвестиции, ќе има толку странски инвестиции”. Нема ништо! Кај се тие проекти што ги работевте? Нели работевте проекти? Нели тие проекти сега во криза треба да ги пуштиме? Не преку ДДВ-моја апликација 200 денари месечно, туку ни требаат крупни проекти каде што народот ќе работи и ќе заработува. Каде што ќе ја градиме државата во време на криза. Каде што нема да се осеќаат толку многу овие турбуленции. Такви проекти немате. Што значи дека сите владини функционери од 1-ви 2017 година до корона-кризата, се што зборувале овдека, лажеле. Не ја зборувале вистината, но има кој да суди за тоа.” – Изјави Љупчо Пренџов.