-Имаат уплав да се соочат со граѓаните на избори – БЕГААТ! Имаат уплав да се соочат со граѓаните на референдум – СЕ СПРЕМААТ ДА БЕГААТ, напиша Љупчо Пренџов на својата официјална Фејсбук страница.
Тој на господата “црвени кмери” им порача дека Македонија не е Камбоџа, и дека ќе се соочат и со револтот на граѓаните и со сиромаштијата во која ги втурнаа.
– Ама, најнапред, ќе се соочите со тоа, што народот мисли за вашата политика на распродавање на историјата, идентитетот, јазикот и културата‼️ На крај, бидете сигурни, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОБЕДИ, додава Пренџов во својата Фејсбук објава.