
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов во интервју за КУРИР вели дека претседателот Пендаровски беше признат од целата опозиција уште на денот на неговиот избор и секогаш имале коректен однос со него, но вчера на неговото годишно обраќање многу поголема срам било државните чинители (премиер, претседател, опозиција, политички партии) да немаат соодветен одговор за оваа бугарска агресија врз Македонија кој што и се случува последнава половина година.
-Ќе ве потсетам за разлика од кај нас во бугарскиот парламент е целосно запознаен со ситуацијата која се случува, додека ние тука воопшто не сме запознаени и добиваме информации од страна на бугарски и македонски медиуми. Претседателот на Бугарија има јасен став во спорот со Македонија и нивната академија на науки и уметности исто така има јасен став. Од друга страна кај нас имаме криење на информации и за жал како пратеници и како јавност ние ги добиваме информациите од страна на Бугарија, а не од страна на македонската власт. Така да во врска со она што е срамота, а што не за мене поголем срам е интервјуто на Заев кој го даде за БГНЕС кое Пендаровски го премолчи и дипломатски не сакаше да го коментира ниту ставот на Заев дека Пендаровски е неискусен политичар, вели Пренџов.
Целото интервју можете да го погледнете во продолжение: