На седницата на Собранието во го имаме законот за намалување на ДДВ на електрична енергија од 18 на 5 отсто. Сакам да истакнам дека за добробитта на граѓаните на Македонија и за иднината на државата приоритет е промена на Владата, а потоа и на енергетската политика, изјави денеска за медиумите, Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Истакна дека електричната енергија веќе е поскапена за повеќе од 12 отсто во 2021 година, а потенцираше дека лани покачувањето беше 7,5 односно цели 20 поценти за 12 месеци во услови економска криза.
„Причините за поскапување на електричната енергија се во криминалите во РЕК Битола и Електрани на Македонија. Сакам да ве потсетам и вам и македонската јавност дека Електрани на Македонија во 2017 година на еден ден пред доаѓањето на власт на оваа гарнитура беше во плус над 25 милиони евра. Денес истото тоа државно претпријатие е во минус од 16,8 милиони евра, а дополнително на овие средства и АД МЕПСО прокнижило загуба од 6 милиони евра. Ова се суми коишто се јавно објавени од страна на власта или со други зборови за 4 години само во овие државни претпријатија недостасуваат повеќе од 47 милиони евра. Поскапувањето на струјата се должи на сомнителни, коруптивни и криминални зделки во енергетските компании во сопственост на Република Македонија“, рече Пренџов.