Пренџов: Пратеникот кој вчера ја манипулираше македонската јавност, не учествува во работата на Собранието!

Ова е местото на пратеникот кој вчера дрско ја манипулираше македонската јавност дека секој ден бил од 10 часот во Собрание и макотрпно работел за интересите на граѓаните, пишува на својата Фејсбук страница пратеникот од редовите на ГРОМ и коалицијата „За обнова на Македонија“ Љупчо Пренџов.

Всушност овој милозвучен манипулатор, не само што не присуствува на собраниските седници, тој не учествува во работата на ниту една Комисија во Собранието. Од сите си даде неотповиклива оставка уште на почетокот од мандатот. Граѓаните гласаат за пратеници, а не за Фејзбук акробати, вели Пренџов во својата објава.