Во гостување во емисијата „24 Анализа” пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов истакна дека новата Влада ќе се базира на четири клучни столба. „Новата владина коалиција има четири клучни столба. Првиот клучен столб е борба против криминалот и корупцијата во оваа држава кој завзема огромни размери. Вториот клучен столб е подобрување на економијата и благосостојбата на граѓаните. Третиот столб е забрзани европски интеграции и четвриот столб е рамномерен регионален развој на Македонија”, истакна Пренџов.
Тој продолжи и додаде: „ На владата како што кажа и мандатарот, основен значај ќе и се про македонските ставови, односно сите без оглед на етничка припадност”, рече Пренџов.
„Идат подобри денови доаѓа економска обнова на државава, доаѓа силен удар на криминалците на криминалот и корупцијата и тоа е она убаво кое ќе се случува во Македонија во наредните години”, рече тој.