![prengov](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/prengov.jpg?resize=696%2C398&ssl=1)
„Премиерот вели дека за криминалот имало институции и тие требало да бидат поажурни и да го истражуваат криминалот и да го процесуираат. Сакам јавно да прашам, под чија надлежност е Управата за јавни приходи? Под чија надлежност е финансовата полиција? Под чија надлежност е Министерството за внатрешни работи? Под чија надлежност е Царина? Под чија надлежност е Агенција за перење на пари? Тоа се агенции и институции на прогон кои што ги именува Владата и премиерот и им одговараат на Владата и премиерот. Овие еден куп институции најдоа нула криминал, нула афери, нула кривични пријави на функционери и градоначалници“, истакна пратеникот од пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“, Љупчо Пренџов во „Само вистина“ на Канал 5.
Тој додаде дека сите институции на прогон се директно под премиерот и одговараат кај премиерот.
„Корупцијата во Република Македонија има име и презиме. Седма година оваа Влада е на власт, името и презимето на арамилокот кој што се случува во државата се вика СДСМ и ДУИ“, нагласи Пренџов.
„Денес имаме нова лакрдија, денес имаме препукување помеѓу министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и главниот Јавен обвинител, Љубомир Јовевски за тоа кој и дали требало да поведе истрага за на Али Ахмети внукот. Нели е тоа срамота“, запраша пратеникот.
Тој нагласи дека власта наместо да ја преземе одговорноста таа продава демагогии.
„Власта е изворот на корупцијата во државата, бидејќи целата висока корупција е во кадри на СДСМ и ДУИ“, потенцира Пренџов.