„На Република Македонија час поскоро и е потребна нова политичка номенклатура која што ќе биде растеретена од омразата и по секоја цена да бидеш на спротивната страна на твојот политички противник. И кога се работи за правни работи, кога се работи за правосудство ние како политичари мора да бидеме самокатализатори на овие процеси и да ги забрзаме процесите во рамките на Собранието. А, клучните работи, клучните постулати по кои треба ова да се реши треба да дојдат од фелата и да објаснат и дадат свое мислење. А, фелата подразбира судии, обвинители и тоа актуелни, во пензија, пред пензија“, истакна Љупчо Пренџов пратеник од Коалицијата „За обнова на Македонија“ во „Утрински Брифинг“.
Пренџов додаде дека токму фелата своето знаење и умеење ќе го преточи во закони со што правосудниот систем во Македонија ќе профункционира.
„Токму вакви дебати од фелата ќе бидат поздравени секогаш од ВМРО-ДПМНЕ и од ГРОМ, и од другите партии и меѓународни партнери. Ние мора да сфатиме дека кога се работи за право, правда, надворешна политика, безбедност, здравство и образование, нема тука политика“, појасни Пренџов.
Пренџов посочи дека политика во Собрание се тера за даночна политика, за задолжувања кои се неосновани од власта, даночната евазија итн. Токму тука има различи методи во поглед на работите, но кога се работи за право, правда и други витални сектори.
„За виталните сектори треба да има добра волја и желба нешто да се реши за да народот има бенефит“, рече Пренџов.