Пренџов: За два дена две задолжувања по скратена постапка, каде одат парите на граѓаните, ако секоја реформа за секој Закон е со кредит

Денес е нов ден, нова седница, ново задолжување. Вчера имавме едно, денес второ задолжување и двете по скратена постапка. Зошто прифаќаме скратени постапки и негативни извештаи од страна на Европската комисија, кога истово ова сте го поднеле во декември, а ќе се гласа во април. Два пати имаме задолжувања по скратена постапка, два пати несоодветно објаснети, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на Коалицијата „За обнова на Македонија“.

-Секоја реформа која ја правите како Влада е со задолжување- и во основно образование и во енергетика и во правда итн. Континуирано се задолжуваме, а попатно континуирано имаме зголемување на даноци, акцизи и ова веќе нема крај, рече Пренџов меѓудругото и додаде:

„Граѓаните прашуваат каде им одат по 4 милијарди евра годишно во просек, од даноците што ги плаќаат, ако гледаат дека во ова Собрание, секоја реформа, за секој Закон е со кредит. Кое стопанство ќе ги враќа овие пари и дали има проекција како ќе се враќаат овие пари, кога нема странски инвестиции, имаме одлив, а домашни инвеститори не сакаат да инвестираат“.