Пренџов за изборот на Кацарска: Со овакви одлуки, таканаречениот правен систем во Македонија е диригиран систем

Госпоѓата Добрила Кацарска пред само неколку месеци стана нов член во Уставниот Суд. Се прашувам кога успеа да собере искуство, пракса, познавања и запознавање со работата? Кога се здоби со довербата од колегите кои се со години уставни судии???, прашува пратеникот Љупчо Пренџов.

-Да не се чудиме потоа почитувани граѓани зошто ЕУ ни дава негативни оцени и негативни извештаи.
Да не се чудиме зошто немаме странски инвестиции.
Да не се чудиме зошто економијата ни тоне, а сиромаштијата “чука” на сѐ повеќе врати меѓу семејствата кои сѐ уште живееме овдека.
Сето тоа е ланчан систем. Не случајно првите поглавја кои се отвораат со ЕУ се поглавјата за правна држава и правосуден систем.
Со овакви одлуки, таканаречениот правен систем во Р. Македонија во суштина е диригиран систем.
П.С не честитајте во Уставен Суд, честитајте му на диригентот, пишува Пренџов на Фејсбук.