Пренџов: Зошто вон секоја методологија се дозволи попишување на дијаспората?

Дозволете ми опозицијата да праша, за разлика од вас кога бевте во опозиција,  зборувавте како имало 400.000 фантоми, 250.000 фантони, 180.000 фантоми со сигурност. Ќе дојдовте во емисии и ќе тропавте на маса колку со сигурност има фантоми во избирачкиот список. А, и тогаш и сега беше истиот список. И сега разликата помеѓу резиденти и луѓе во избирачкиот список која е? Еве ние сме луѓе резиденти кои што живееме во Република Македонија, а кој има државјанство има право да гласа. Има разлика во бројката“, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на Коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на Телма телевизија.

Пренџов ја запраша пак Калеска Ванчева

– „Луѓето нашите иселеници, нашата дијаспора која што повеќе од една година живее надвор од државата се попишува во тие земји каде што живее, зошто дозволивте ван секоја методологија да се попишува дијаспората“. Пренџов додаде дека попис се прави на население и на домаќинставата. „Никаде не постои доброволно шест месеци да се пријавиш, немаше методологија соодветна. Шест месеци отворено на интернет да кој сака се пријавува, кој не сака не се пријавува. И потоа се чудиме“, рече Пренџов.