JСП СКОПЈЕ ги информира граѓаните дека поради одржувањето на „Виз Ер Скопски Маратон 2018“ утре во периодот од 7 до 14 часот ќе биде изменет режимот на сообраќај на повеќе градски улици и булевари.
Имено, во посочениот период целосно затворен за сообраќај ќе биде булеварот Илинден, од крстосницата со улицата ВМРО до булеварот 8.Септември; во продолжение, затворена ќе биде десната коловозна лента во правец од булевар 8.Септември до крстосницата со улица Никола Парапунов. Целосно ќе бидат затворени и улиците Војвода Васил Чакаларов, Митрополит Теодосиј Гологанов, Димитрије Чуповски, 11 Октомври и Пролет, и тоа од семафорите кај Тутунски комбинат до семафорите кај Полициска станица „Пролет“, булеварот Трета македонска бригада до крстосницата со улицата Коста Новаковиќ, десната коловозна лента од булеварот Јане Сандански, и тоа од Тобако во правец кон Аеродром се до крстосницата со булевар Србија.
Делумно затворени за сообраќај ќе бидат десната коловозна лента од улиците Љубљанска и Московска, во правец од булевар Илинден до крстосницата со улицата Митрополит Теодосиј Гологанов кај студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Во согласност со изменетиот режим на сообраќај на градските улици, ќе биде сменет режимот на поголем број на линиите на јавниот градски превоз, а туристичката линија „City tour“ која поаѓа од Порта Македонија нема да сообраќа. Градски линии со неизменета траса се 2, 2А, 12, 19, 20, 22А, 45 и 65В, а
приградски линии: 11, 18, 47, 47а, 53, 55, 56, 60, 61, 63, 63а, 63б, 65, 66, 68, 69, 71, 81, 160 и 164.