Поради сообраќајна несреќа, од 17.30 часот се пренасочува сообраќајот на патот Прилеп – Ресен, од бензинската пумпа „Лукоил“ до клучка Братиндол, информира Автомотосојузот на Македонија.
Од АМСМ информираат и дека попладнево интензитетот на сообраќајот на државните патишта надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.