Прeпoлната прилепската болница полна со пациенти, во функција и гинеколошкиот оддел

Од сабота прилепската болница на располагање на хоспитализираните пациенти од Ковид-19 ќе го стави гинеколошкиот оддел со  околу 26 нови легла за пациентите за да се излезе во пресрет на болничкото лекување.

Според Драган Богојески, директор на прилепската градска болница „Борка Талески“, во моментов се хоспитализирани 116 пациенти на сите ковид- оддели: инфективното,  и на трите оддели во болницата.

– Во болницата капацитетите се преполни во сите четири оддели. Донесовме одлука на располагање да се стави посебниот оддел од гинеколошко-акушерското одделени. Се прават сите подготовки, а најбитно е со обезбедувањето персонал. До крјаот на месецов треба да се врати персоналот, оздравен од Ковид-19 па продолжуваме со ротациите. Излегува дека во моментов најмногу ни требаат болничари. Дел соочени со критичните ситуации и со смрттноста на пациентите, поради огромниот притисок и с еоткажуваат. Се снаоѓаме како знаеме и умееме, вели Богојески.

Во болницата се снаоѓаат и со боците за кислород на одделите зашто од сите хоспитализирани, 70-ина се на кислородна поддршка, а болницата мака-мачи со реагенсите, Д-димери, неопходни при потешките клинички слики.

-Имаме проблем со лабараториските анализи и во трасфузиологија се преоптоварени со испитување на хемостаците и Д-димерите. Набавивме одредено количество реагенси за одредување Д-димери, но та беа мали количества кои се потрошија. денеска е испратено возило да обезбеди реагенси и од утре во биохемиската лабараторија повтоно  ќе почне да се работат Д-димери, количестватаа се ограничени, не знаеме до кога ќе издржиме со тоа, зашто од компанијата која ги обезбедува најавија нова пратка по една недела. Д-димерите се битни зашто вирусот прави нарушувања во коагулацијата на крвта и поради тоа има потешки клинички слики кај некои пациенти. Д-димерите покажуваат колкаво е тоа нарушување, објаснува Богојески.

Во Прилеп моментално се активни преку 900 и има 100 смртни случаи. Од болницата велат дека стапката на смртност од 4,5 насто зависи од големиот број заразени. Само вчера беа речиси 100 нови случаи, а преку 2 300 од почетокот на пандемијата. На сила се сите предупредувања за почитување на заштитните мерки.