
Победничка атмосфера може да се забележи на состаноците во партиските штабови на ВМРО-ДПМНЕ.
Тимови од ВМРО-ДПМНЕ интензивно оддржуваат посети по сите Општински комитети на партијата.
ВМРО-ДПМНЕ е во одлична кондиција во пресрет на претстојните локални избори. Секојдневно пристапуваат нови членови, а може да се забележи и висока мотивација и работа на терен.
На овие состаноци се нотираат проблемите со кои се соочуваат граѓаните.
Од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ информираат дека посетите ќе продолжат и во наредниот период во сите Општински комитети, а од досегашните извршени посети информираат дека истите се со масовно присуство и голема поддршка од членките на Унијата на жени.
Вчера состанок одржаа и членовите кои партиципираат во општинскиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ Бутел.
На состанокот се дискутирало за претстојните локални избори и колку всушност истите се значајни за Република Македонија и за општината Бутел.
Општинскиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ Бутел на состанокот покажа голема подготвеност за сите активности кои ќе треба да ги преземе во однос на локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври, а се со цел победа уште во првиот круг.
Инаку, анкетите на институтот „Павел Шатев“ покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претстојните локални избори.
37.8 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.
Доколку следната недела има избори, гласот за ВМРО-ДПМНЕ би го дале 26.7 отсто од испитаниците, а 18.8. за СДСМ.
На прашањето, „Помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кој има подобра партиска програма (без испитаници Албанци)“, високи 49.6 проценти одговориле ВМРО-ДПМНЕ.