Француските здравствени власти препорачаа во петокот пренасочување на лицата кои ја примиле првата доза од вакцината на англо-шведскиот производител „AstraZeneca“ кон другите вакцини за втората инјекција, односно на американските производители „Moderna“ и „Pfizer/BioNTech“, кои се користат во иминузацијата во земјата.
Точно 533.302 лица на возраст под 55 години во Франција кои ја примиле првата доза на вакцина Астра Зенека помеѓу саботата 6-ти февруари до сабота на 13 март, се очекува да ја добијат својата втора инјекција со ткн mRNK вакцина, односно оние произведени од американските производители направени на платформата на ткн „гласничка РНК“.
Предвидувајќи го објавувањето на мислењето, министерот за здравство Оливие Веран процени дека оваа препорака е „целосно логична“, нагласувајќи дека станува збор за мерка на претпазливост која не е конечна и може да се развива врз основа на нови податоци.
На 15-ти март, суспензијата на вакцината на англо-шведската фирма ја објави претседателот Емануел Макрон, по синџирот на слични одлуки во неколку европски земји, по појавата на случаи на сериозни тромбоемболиски инцидентит кај вакцинирани лица.
Доколку администрацијата на вакцината продолжи во Франција, неколку дена подоцна, во согласност со поволните заклучоци на Европската агенција за лекови (AEM), францускиот здравствен орган препорача, според своето мислење од 19-ти март, да се резервира вакцината за над 55 години. Прашањето кое се постави, што со лицата под 55 години кои веќе се вакцинирани со првата доза на „AstraZeneca“. Тоа стана итно, бидејќи првите лица кои требаше да се вакцинираат со втората доза се закажани за во средината на април, а втората доза треба да се инјектира во рок од дванаесет недели.
Оваа втора инјекција првенствено се однесува на медицинскиот персонал на кои им е отворен пристапот до вакцината „AstraZeneca“ на 6-ти февруари во центрите за вакцинација.
Во петокот утрото на радиото RTL, министерот за здравство Оливие Веран потсети дека „билансот на ризик-корист“ околу оваа вакцина беше „многу, многу поволен“.
„Сметајте дека имате 0,2 лица од 100 000, односно две лица во милион, кои можат да имаат потенцијално сериозен несакан ефект“, уверуваше францускиот министер за здравство.
Истакна дека, од друга страна, „еквивалент на 1000 луѓе, во оваа возрасна група, може да претстави сериозни форми на Covid-19.
„Имате статистички многу поголем ризик, но навистина, навистина поголем, да имате компликации од ковид отколку да имате несакани ефекти од вакцината“, рече Веран
Според едно испитување, дури 71 отсто од Французите немаат доверба во вакцината на „AstraZeneca“.