Препораки од Дирекцијата за заштита и спасување

Дирекцијата за заштита и спасување според заклучоците од седницата на Владата на Република Македонија оддржана на 21.07.2015 ja известува јавноста за донесените заклучоци.

Во продложение следува интегрален текст од Заклучоците:

Привремено да се ограничи движењето на лица во шумските подрачја во периодот од 7 часот наутро до 17 часот поладне.

Ограничувањето да важи од 22.07.2015 до 05.08.2015, а не важи за организирани посети на националните паркови и шумите од туристи и за вработени во ЈП Македонски Шуми и Шумската Полиција.

Контролата на ограничувањето на движење траба да ја извршуваат со надзор и легитимирање во шумските подрачја, Министерството за внатрешни работи, Граничната и Шумска полиција.

Им се укажува на едниците на ликалната самоуправа да во случај на настануваење на пожар на нивната територија да ја стават на раполагање целата расположива персонална и материјално-техничка поддршка на Македонски Шуми и другите институции.

Интензивно да се информира јавноста за забраната за палење на стрништа и друг земјоделски отпад како превентивна мерка за заштита од појава на пожари на отворен простор.

Се задолжуваат релевантните државни институции прецизно да ја координираат својата работа со цел преземање соодветни активности за спречување на појава на пожари на отворен простор.

Инаку метеоролозите од понеделник најавуваат уште повисоки температури и уште потопло време.

 

Колкав пораст на температурите не очекува од понеделник погледнете овде.