Владата на денешната седница донесе Одлука за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите, согласно која во Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, во посебниот дел во првата потколона од колоната расходи на Основен буџет, се врши прераспределба на средства во износ од 6.542.000.000 денари.
Како што соопшти владината прес-служба, целта на предложената Одлука е обезбедување на средства за имплементација на економските мерки донесени од страна на Владата за справување со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот Ковид-19.