„Прес 24“: И судија бил жртва на малтретирање од тимот на Катица Јанева

„Прес 24“: И судија бил жртва на малтретирање од тимот на Катица Јанева
„Прес 24“: И судија бил жртва на малтретирање од тимот на Катица Јанева

Обвинителка од тимот на Катица Јанева заплашувала судија и вршела притисок тој да соработува со Специјалното јавно обвинителство. Судијата за случајот веднаш го известил Судскиот Совет.

Извори од Советот за „Прес 24“ потврдуваат дека судијата поднел претставка за притисок и заплашување против член на тимот на Катица Јанева.  Целиот случај тие го препратиле до надлежен орган за понатамошно постапување. Во случајот за ваква претставка надлежно е Јавното обвинителство.

Неофицијално, во претставката било наведено дека судијата бил повикан на разговор во познат ресторан на скопскиот плоштад. Спцеијалната јавна обвинителка му се заканувала и го малтретирала се додека судијата не го напуштил објектот. Веднаш потоа случајот бил пријавен.

Ова не е прв случај кој се однесува на работењето на Специјалното јавно обвинителство а со кој сега ќе треба да се занимаваат јавните обвинители.

Претходно граѓани кои беа мета на закани и уцени поднесоа кривични пријави против членови на тимот на Катица Јанева. И полицијата по службена должност поднесе кривична пријава против вработен во МВР кој нудел 100.000 евра поткуп за лажно сведочење кое требало да ја дискредитира поранешната министерка Гордана Јанкуловска.

На прес-конференцијата во понеделникот, Јанева не сакаше да ги коментира наводите за несоодветно постапување од страна на членови на нејзиниот тим. Јанева не успеа да одгвори дали позади нивното разрешување има друга причина, како што во јавноста деновиве се пишуваше.